
Одделението за внатрешни работи Берово до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против В.Н.(32) од Берово, поради постоење онови на сомнение дека сторила кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по чл.394-г од Кривичниот законик.
Пријавената на 11.01.2021 по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавила ксенофобичен материјал, со кој поттикнала омраза, дискриминација или насилство.
Одделението за внатрешни работи Берово до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против Б.С.(39) од Берово, поради постоење онови на сомнение дека сторил кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по чл.394-г, ст. од Кривичниот законик.
Пријавениот на 11.01.2021 по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар на пост на фејсбук профилот на В.Н.(32) од Берово, со кој поттикнал омраза, дискриминација или насилство.