Телата на лицата кои починаа во Италија денеска ќе пристигнат во М. Каменица и виничко

Телата на Андреј Китановски, Златко Стоиловски и Влатко Илиев, кој во неделата загинаа во сообраќајна несреќа во Италија, попладне ќе пристигнат во Македонска Каменица, односно во виничкото село Пекљани. Истите беа тргнати синоќа со комбе, транспорт за кој беше собрана потребната сума пари.

Уште по веста за смртта во Италија се организираа и нивни блиски роднини, кои живеат и работат таму, но и дел од останатите иселеници и црквата „Св. Архангел Михаил“, каде вчеравечер се направи молитва за тројцата загинати. За еден час биле собрани 13.000 евра, а потребни биле 9.000.

Ребека Спасова М-Нет