Трпчевски ќе ја суди пресметката помеѓу Вардар и Гостивар, Стојанов патува во Тетово, Божиновски на центарот во Радовиш

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги делегираше судиите за 24. коло од Втората македонска фудбалска лига. Колото ќе биде отворено утре со големата директна дерби пресметка помеѓу Вардар и Гостивар, меч кој се игра во Маџари на „Борис Трајковски“.

Останатите натпревар ќе бидат одиграни во сабота, со што ќе биде комплетирано колото. Сите натпревари ќе започнат во 16 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 24. КОЛО ВМФЛ:

Пелистер – Борец, Бардхиљ Ибраими (Тетово)
Детонит Плачковица – Караорман, Христијан Божиновски (Скопје)
Охрид – Локомотива, Сашко Ристов (Струмица)
Арсими – Каменица Саса, Марјан Дејаноски (Кичево)
Кожуф – Беса, Дени Лековски (Битола)
Вардар – Гостивар, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Тетекс – Воска Спорт, Стојанче Стојанов (Штип)
Беласица – Слога, Кирил Смоквоски (Прилеп