Текстилец УГД од Штип се засили со двајца ракометари од Велес

Ракометниот клуб Текстилец УГД од Штип за пролетниот дел од сезоната во Првата лига се засили со двајца нови ракометари кои доаѓаат од Велес. Се работи за левиот бек Лазар Стојанов и десниот бек Димитар Минов, кои ќе го носат дресот на Текстилец УГД во продолжението од сезоната.

Новите засилувања веќе дебитираа за штипскиот клуб, откако настапија за Текстилец на првиот меч од пролетниот дел против Преспа, меч кој штипјани го добија со убедливи 37:30. Минов и Стојанов се запишаа во листата на стрелци со по три погодоци.

Во минатото Минов беше дел од Тиквеш, Вардар Неготино, Партизан, а настапуваше и за Овче Поле, додека пак Стојанов кариерата ја започна во Велес, беше дел и од Драчево, Металург РА, Вардар Неготино, а сега ќе го носи дресот на Текстилец УГД.

Текстилец УГД е на осмото место на табелата во Првата лига со 14 бодови, а целта на тимот ќе биде сезоната да се заврши што повисоко на табелата.

Александар Ванев, М-Нет