Слога пресилна за Дојранско Езеро, кикс на лидерот Вардарски, Ударник го изненади Малеш

Вчера стартуваше пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Исток, со натпреварите од 10. коло.

Гледачите на телевизија М Нет имаа можност да го проследат соочување во Виница меѓу ланскиот второлигаш Слога и Дојранско Езеро, во меч каде домашниот тим беше голем фаворит пред се поради квалитетни засилувања, тоа беше потврдено со убедливата победа од 5:0.

Овче Поле преку пресврт го доби Карбинци на Градскиот стадион во Свети Николе, а токму Овче Поле најмногу профитираше од киксот на лидерот Вардарски, откако Тиверија одигра 2:2 и му скина два бода на Вардарски на Градскиот стадион во Богданци.

Големо изненадување приреди и Ударник, откако на домашен терен во Пирава со 4:1 го декласираше Малеш од Берово. Во оваа коло слободна беше екипата на Рудар од Пробиштип.

Во однос на табелата лидер е Вардарски со 21 бод, втор е Овче Поле со 20 бодови, на 3. место е Слога Виница со 14 бодови, колку што има и Дојранско Езеро кој е на четвртото место.

На 5. место е Тиверија со 10 бодови, Ударник се проби на шестото место со 9 бодови, на седмото место е Малеш со осум бодови, осми е Карбинци со седум бодови, а на дното е Рудар со пет бодови, но и натпревар помалку.

Александар Ванев, М-Нет