Талентот од школата до првиот тим: Габриел Талески потпиша професионален договор со ФК Брера Струмица

ФК Брера Струмица продолжува да ја гради својата визија врз сопствени темели и млади фудбалери кои израснуваат во клупската школа. Најнов доказ за тоа е потписот на професионален договор од младиот и перспективен Габриел Талески.
Талески, кој го мина развојниот пат од младинските категории до сениорскиот состав, официјално стана дел од првиот тим со професионален статус. Овој чекор претставува круна на неговиот досегашен труд, посветеност и континуиран напредок во зелено-црниот дрес.
Од клубот потенцираат дека нивната стратегија не се темели само на резултати, туку и на создавање сопствени играчи кои ќе бидат иднината на тимот. „Во Брера не зборуваме само за иднината – ние ја создаваме“, порачуваат од струмичкиот прволигаш, испраќајќи јасна порака за поддршката што ја добиваат младите фудбалери.
Потписот на Талески е уште една потврда дека кога клубот стои зад своите таленти, соништата можат да станат реалност.