Дерби на Алкалоид и Вардар, Радовиш против фаворитот Прилеп, дерби за опстанок на Куманово и Струга

ФОТО: Александар Ванев, М-Нет

Викендот стартува плеј-оф и плеј-аут сегментот на ракометната Суперлига со мечевите од првото коло.

Веднаш на стартот ќе имадерби во Автокоманда меѓу Алкалоид и Вардар, а пак Бутел на домашен терен ќе игра со Охрид, додека шампионот Еурофарм Пелистер тргнува од Кавадарци против Тиквеш во одбрана на титулата.

Екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид ќе целат кон шампионската титула.

Во плеј-аут сегментот во рамки на првото коло веднаш ќе има дерби на две екипи кои се борат за опстанок, Куманово ќе биде домаќин на Струга, а пак Еурофамр Пелистер 2 ќе го пречека тимот на Пролет. Прилеп како фаворит ќе гостува кај Радовиш.

Последната екипа испаѓања директно во Прва лига, каде Радовиш е најзрел кандидат за испаѓање, а пак Куманово и Струга ќе водат борба да го избегнат претпоследно место кое води кон баражот за опстанок.

Александар Ванев, М-Нет