Судијата Стојанче Стојанов од Штип ја доби довербата да дели правда на меѓународниот натпревар меѓу Словачка и Андора У-21

Еден од поискусните фудбалски судии во Македонија, Стојанче Стојанов ја доби довербата да биде дел од тимот судии кој ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу репрезентациите на Словачка и Андора до 21 година, со што се потврдуваат квалитетите на Стојанов со добивањето доверба да суди важен меѓународен натпревар.

Овој натпревар е квалификациски за пласман на Европското првенство до 21 година кое се игра во 2027 година, во Албанија и Србија.

Главен судија на натпреварот ќе биде Влатко Илиоски, а негови помошници ќе бидат Даниел Василевски и Владимир Митревски, а пак четврт судија ќе биде токму Стојанче Стојанов.

Македонските судии ќе ја делат правдата на натпреварот меѓу Словачка и Андора до 21 година, а натпреварот се игра во петок со почеток од 18 часот на стадионот Скалица.

За Словачка тоа ќе биде прв натпревар во квалификациите, а пак Андора веќе одигра два натпревари и забележа два порази.

Александар Ванев, М-Нет