
Нов трет влез ќе добие село Таринци во Општина Карбинци. Од денеска започнаа активностите за изградба на нова улица во должина од 560 метри, која треба да биде целосно завршена во нардниот месец. Станува збор за реализација на вториот од четирити проекти од вториот повик од унгарскиот кредит. Со ова селото Таринци се поврзува од сите три страни со што се подобруваат и условите за жителите.
„Тоа е улицата со должина од 560 метри должни, кои од денес па понатаму започнуваме со реализација. Овој проект е поддржан од страна на Владата преку вториот повик од оној познат унгарски кредит, и од оние четири проекти ова е втор проект. Проектот е со вредност од седум милиони денари“ – вели Паунов.
Во наредниот период треба да започнат со реализација и останатите два проекти кои се финансираат од страна на унгарскиот кредит. Ќе се уредуваат тротоарите во село Карбинци и ќе се осветли кејот на Козјачка река.
„Во следниот период ќе започнат со реализација и другите проекти кои се од овој пакет од страна на Владата. Тоа се тротоарите во село Карбинци и партерно уредување на влезот во село Карбинци, и вториот, односно четвртиот проект проект е осветлувањето на кејот на Козјачка река. А дополнително започнува еден проект а тоа е доградбата на речното корито“ – додава Паунов.
Претходно започна со реализација првиот проект, уредување на одводниот канал „Герен“ со партерно уредување и изградба на мал плоштад во село Долни Балван.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет