Судијата Крумислав Ѓоргиев најдобра штипска фудбалска „свирка“ во оваа сезона

Кон крајот на оваа календарска година спортистите заминаа на заслужен одмор по оваа би рекле малерозна пандемиска спортска година. Година во која имаше многу здравствени непознети, во која настрадаа со изолација повеќемина познати и признати спортисти, но како и да благодарејќи на протоколите сепак се добро се заврши. За голема жал на фудбалерите нивните мајстории, маестрални потези зачинети со атрактивни голови не беа достапни до нивните многубројни симпатизери. Стадионите зјаеја празни се слушаше гласот на меѓусебното дофрлање на играчите и нивните тренери, додека сето тоа беше достапно до гледачите само на малите екрани,крај телевизорите.

Штипјанецот Крумислав Ѓоргиев според официјалните извештаи котира највисоко во македонска фудбалска судиска фела и од неговата „свирка“ сите се задоволни. Од 18 прволигашки кола кои се одржаа есенва, Крумислав Ѓоргиев судеше на девет и како што рековме мошне успешно, без забелешки ниту од домашните,ниту од гостинските екипи.

Денешната репортажа е позветена на оние кои се главни на теренот и од многу зависи текот на настаните на зелениот тепих,односно судиите.

Во оваа есенска сеона имаше уште два судиски излети, еден во Втората Македонска лига и на крајот на сезоната го судеше дерби натпреварот во Делчево. Покрај локалната традиција на мечот Брегалница – Малеш се решаваше, или се водеше фудбалска битка за тоа кој ќе биде на престолот, односно есенски шампион во Третата фудбалска лига – Исток.

Натпреварот заврши бурно, со победа на Брегалница изразена со резултат од 2:0 , но и со 3 црвени картони за Беровчани со што Брегалница стана есенски првак.

Сега сите се на заслужен новогодишен и божиќен одмор со своите најбилиски, раководствата ќе анализираат, судиите ќе се потсетуваат, за да веднаш потоа пак сите заедно започнат со полнење на акумулаторите за напорниот втор, пролетен дел. Па од редакцијата на Мнет ТВ нека им се со среќа празниците и здравје догодина во нови подвизи.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk