Судијата Ацо Тасев е нов претседател на штипскиот Основен суд

Основните судови во Штип, Неготино, Кичево и Крива Паланка, како и Основниот граѓански суд во Скопје добија нови претседатели, Судскиот совет го заврши процесот за избор, при што именуваше и неколку в.д. претседатели. Во Основниот суд во Штип на челното место доаѓа судијата Ацо Тасев, за кого членовите рекоа дека по 27 години судиска функција напредува како претседател. Во Основниот суд Неготино на ова место ќе биде судијката Билјана Толова, како единствен кандидат, а во Основниот суд во Кичево од тројца кандидати, за нов претседател е избрана Футурије Дервиши. Судскиот совет за претседател на Основниот граѓански суд во Скопје го избра Бесник Авдија.

Судскиот совет донесе и Одлука за распишување оглас за претседатели на Виш Управен суд Скопје, како и во основните судови во Берово, Делчево, Кавадарци, Крушево и Струга. Во истовреме, формирана е и Комисија за утврдување одговорност на судија кој е и претседател на кавадаречкиот Основен суд.

Ребека Спасова М-Нет