
Денес беше одигран одложениот меч од четвртфиналето од Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкупи, кој требаше да се одигра вчера, но откако Скопје го зафати силно невреме теренот на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари беше поплавен и немаше услови за игра.
Денешниот меч се одигра на теренот на Фудбалската федерација на Македонија без присуство на публика, а исходот од истиот беше триумф за Шкупи од 0:1 и пласман во полуфиналето.
“Гулабите” со голот на Младеновски патуваат во полуфиналето.
Колку за потсетување, вчера Тиквеш преку пенали ја исфрли Брера и обезбеди полуфинале, Македонија ЃП со минимални 1:0 го добија Силекс и патуваат во полуфинале, а историско полуфинале обезбеди и Воска Спорт, која во Штип со минимални 0:1 ја доби Брегалница.