
Минусните температури – проблем за автомобилите кои не останаа имуни на зимските студови. Дефектите и небезбедните патишта се само дел од секојдневните проблеми со кои се соочуваат возачите во сообраќајот. Во периодот на температури под нулата, сопствениците на моторни возила велат дека потребно е поголема заштита на самите возила. За оние кои имаат гаражи е полесно, другите, пак, наоѓаат алтернативни решенија за да ги заштитат своите возила оставени на отворено.
„Оти немаме гаражи, ги покриваме, се снаоѓаме со ќебе, со стари партали. Треба антифриз да ставеш за да не замрзне. Кога немаме гаражи, надвор стојат. Треба антифриз“, велат штипјани.
Дополнителен проблем во зимски услови, како што велат возачите се и лошите услови на патиштата, како и несовесното возење од страна на учесниците во сообраќајот. Затоа согласни се дека возачите треба да бидат повнимателни во возењето согласно со условите на патот.
„Многу повнимателно, за разлика од летниот период, сега треба повнимателно да се вози. Тие минусни температури ги подмрзнуват патиштата, има истеци на вода, а низ градо не се внимава. Додека не падне снег, сѐ е убаво, после е опасно. Треба и зимски гуми“, додаваат.
Меѓутоа, решението за спречување на поголем број сообраќајни несреќи во период на студ и замрзнати патишта луѓето го гледаат и во зголемените полициски контроли со кои несовесните возачи ќе добијат соодветни санкции.
Ребека Спасова МНет