Мајка од Штип пријавила дека исчезнала нејзината 13-годишна ќерка

Во текот на вчерашниот ден во СВР Штип мајка пријавила дека исчезнала нејзината малолетна ќерка.

На 16.11.2024 во СВР Штип, Е.М.(41) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка С.М.(13). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.