Стратегот Влатко Костов стигна до шест промоција во неговата кариера, по вторпат со Брегалница

Штипскиот стратег Влатко Костов успеа да стигне до шестата промоција во неговата кариера, а тоа го направи по вторпат со Брегалница.

Костов низ својата кариера успеа да ги внесе Куманово, Осогово, Хоризонт Турново, Пелистер и Брегалница од Втора во Прва лига, а со тимот од Штип тоа го направи по вторпат во неговата кариера.

„Првиот пат со Брегалница, мене сите ми се драги титули, нормално кога си професионалец сакаш секаде да си ја завршиш работата максимално. Првата, да кажам тоа беше некаде да кажам на мојата кариера каде што ме водеше амбицијата, меѓутоа јас сега осеќав една обврска кон мојот матичен клуб да мораме да успееме. Тоа беше огромна желба моја и на мојот стручен штаб, на моите играчи да успееме, бидејќи ако потекнувате од овде, ако живеете овде не ви е сеедно како ќе заврши сезоната. Затоа се вложивме максимално и посебно сум радосен на оваа, бидејќи беспрекорна игра на моите играчи, Брегалница беше беспрекорен домаќин на секој клуб кој што доаѓаше тука и покрај тоа што ние изгубивме два натпревари овде, никаде не најдовме, не кажавме еден збор за тоа. Мислам дека целата наша работа, целиот приод наш, донесе до овој резултат, тука ќе ги спомнам сите чинители, во клубот, раководство и градоначалникот, сите се вложивме максимално и имавме огромна желба. Мене, морам да признаам најмногу се вложив и најтешка ми беше оваа сезона“, рече Влатко Костов.

Брегалница од следната сезона ќе настапува повторно во Првата македонска фудбалска лига.

Александар Ванев, М-Нет