Каменица Саса апсолутен фаворит против Речица, Кочани ќе игра против Топ Гол

ФОТО: Александар Ванев

Утре се играат натпреварите од претпоследното 26. коло на Првата женска фудбалска лига, а во рамки на истото екипата на Каменица Саса како апсолутен фаворит на домашен терен ќе играат против Речица. „Рударките“ целат само на три бода.

Кочани ќе игра против Топ Гол, меч кој ќе биде загревање и подготовка за фудбалерките на Кочани кои преку бараж ќе мора да бараат за опстанок во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција, а Топ Гол кој е на дното од следната сезона ќе игра во Втора лига.

Љуботен на домашен терен ќе игра против дебитантот Вардар, а пак во Струмица ќе се игра натпреварот меѓу Тиверија Брера и Ас Јунајтед од Струга, со фаворитска улога за домаќинот.

Претпоследното коло носи пржинско дерби меѓу Истатов и Скопје.

Александар Ванев, М-Нет