
Токму на големиот ден Велигден, фудбалерите на Брегалница ги наградија свите симпатизери и градот Штип со прволигашки статус. На две кола до крајот на оваа сезона Брегалница го обезбеди шампионското прво место и е единствената екипа која во досегашниот тек на настаните нема доживеано пораз. Ретки се ваквите подвизи кои фудбалската историја ги памети и запишува што доволно зборува за организацијата на играчите, стручниот штаб и менаџментот на тимот во креирањето на ваквиот успех. По четири второлигашки сезони Брегалница конечно се враќа на прволигашката карта на Македонија и уште отсега треба да се крои план за идните тешки искушенија. 100 годишниот јубилеј од формирањето на Брегалница 1921 год., е зачинет со убав успех и зошто да не се продолжи со успешниот пат а тоа е конечно по подолго време Брегалница да се искачи на самиот прволигашки врв и секако толку посакованиот излез во некој од европските натпреварувања. Радоста кај сите на „градски“беше голема, штета што не можеше да се сподели со најверните навивачи, но тука беше нашата Мнет телевизија која преку директниот пренос ја долови успешната приказна од теренот на сите оние симпатизери пред малите екрани а во овој случај ќе ви ја пренесеме екслузивната изјава од човекот кој беше главниот носител на овие успеси на Брегалница.
До крајот на сезоната останува да се одиграат уште две кола, Брегалница ќе гостува на Кит Го во Пехчево и во последното 27 коло на „градски“ во Штип ќе се сретнат Брегалница – Тиквеш по што ќе се предаде и шампионскиот пехар на штипските сини.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk