
Македонската ракометна репрезентација ја забележа и петтата победа од вкупно шест во својата група и се пласираше за Европското првенство што во јануари 2022 година ќе се одржува во Унгарија и Словачка. Селекторот Кире Лазаров наметна победнички ритам, вети на љубителите на Ракометот во Македонија Велигденска победа и таа беше остварена против Швајцарија со победа изразена со резултат 29:28 ( 16:16). Победата беше обезбедена во вториот дел по блескавите одбрани на голманот Никола Митревски и ефикасната завршница на нашите гол мајстори. Македонија го освои второто место во својата група, прва е Данска сo ист број на бодови 10,но далеку подобра гол разлика, трета остана Швајцарија со 4 бодови и четврта селекцијата на Финска без бодови.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk