Стојанче Стојанов од Штип ќе им суди на Тиквеш и Работнички, Стојанче Трпчевски ќе биде главен во Кратово

Денес започнува новата сезона 2025/2026 во Првата македонска фудбалска лига со натпреварот во Тетово меѓу Шкендија и Шкупи, а вечерва ќе се одигра и „вечното дерби“ меѓу Вардар и Пелистер под рефлектори во Скопје.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите, како и судиите кои ќе бидат во ВАР-собите.

Игор Стојчевски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Шкендија и Шкупи, кој се игра во Тетово, а во ВАР-собата ќе биде Стојанче Стојанов од Штип, а АВАР ќе биде Мартин Петковски од Куманово.

„Вечното дерби“ ќе го суди Александар Грујоски од Кичево, а пак ВАР судија ќе биде Фатмир Бафто од Охрид додека пак АВАР судија ќе биде Мишо Ѓорѓиески од Охрид.

Утре, сабота на програмата ќе бидат два натпревари. Во Куманово ќе се соочат Башкими и Арсими, двата лански второлигаши, главен судија ќе биде Влатко Илиоски од Прилеп, а во ВАР собата ќе бидат Стојанче Трпчевски од Скопје и Тоше Ицев од Кавадарци.

Струга Трим Лум на домашен терен ќе игра со Македонија ЃП, каде правдата ќе ја дели Благојче Ралевски од Битола, а пак во ВАР собата ќе бидат Фуркан Идризи од Тетово и Жарко Пејковски од Скопје.

В недела на програмата ќе биде еден натпревар кој се игра во Кавадарци меѓу Тиквеш и Работнички, а за правдата ќе биде задолжен Стојанче Стојанов од Штип, а во ВАР собата ќе бидат Игор Стојчевски и Гоце Петрески од Скопје.

Колото ќе се затвори во понеделник со мечот во Кратово меѓу Силекс и Брера Струмица, каде главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Скопје, а во ВАР собата ќе бидат Бењамин Ќерими и Дарко Видиниќ од Скопје.

Александар Ванев, М-Нет