
Во тек е пријавувањето за учество во Втората женска фудбалска лига за сезона 2025/2026. Сите екипи кои имаат интерес да учествуваат во новата натпреваручка сезона ќе треба да пополнат пријава со цел потврда за настап во новата сезона.
Минатата сезона во Втората лига настапија осум екипи, кои играа во двокружен систем односно дома – гости, а шампион беше екипата на Кочани која избори влез односно враќање во Првата женска фудбалска лига, со што поранешниот шампион на Македонија ќе игра во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција.
Вардар кој е вицешампион не успеа да го помине баражот за влез во Прва лига, откако загуби од екипата на Речица.
Според тоа од ланската сезона остануваат седум екипи, кои ќе треба да го потврдат учеството за новата сезона, а тоа е Плачковица од Радовиш, Победа Валандово, Билјанини Извори, Порече од Македонски Брод, Борец и екипата на Слободен.
Овие седум екипи кои ќе треба да го потврдат учеството за новата сезона, дополнително има простор и за секоја новопријавена екипа, што би значело дека овој број може да се зголеми, а како што откривме и во спортскиот магазин Трибина на М Нет телевизија, можна нова екипа во Втората женска фудбалска лига би била Ускана од Кичево, а има најави уште од неколку екипи, но ќе се чека официјално да се пријават сите новопријавени екипи.
Дополнително, покрај со пријавувањето за учество во Втората женска фудбласка лига, во тек е пријавувањето и за настап во младинските лиги во женска конкуренција, а тоа се кадетската и младинската лига.
Новата сезона во Втората женска фудбалска лига треба да започне во средината од месец септември.
Александар Ванев, М-Нет