„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи во интерес на граѓаните и на македонската економија. Резултатите што денес ги гледаме се потврда дека државата се движи во правилна насока, со стабилен економски раст, подобар животен стандард и одговорно управување со јавните финансии“, рече Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Нашата економска политика се темели на три клучни приоритети: капитални инвестиции, привлекување странски директни инвестиции и поддршка на македонското стопанство. Токму овие политики обезбедуваат континуиран раст на економијата и создаваат услови за нови работни места и повисоки приходи за граѓаните.
Македонија бележи раст од над 3% во 7 последователни квартали, а според кварталните показатели се наоѓаме помеѓу водечките европски економии по стапка на раст. Истовремено, просечната нето-плата е повисока за 8,2 проценти во однос на минатата година.
Создадени се 17.000 нови работни места и ова е уште еден јасен показател дека мерките што ги спроведуваме даваат резултати и создаваат нови можности за вработување и економски развој.
Во областа на јавните финансии, јавниот долг се намалува, буџетските приходи растат, а средствата се насочуваат кон капитални проекти.
Денес сме исправени пред обврската да го намалуваме јавниот долг, да ја одржуваме финансиската стабилност и да инвестираме во развој.
Нашата цел останува јасна, стабилна економија, стабилни јавни финансии, нови инвестиции, повисоки плати и пензии и подобар животен стандард за сите граѓани“, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот (Видео) Стојаноски: Бројките потврдуваат дека Македонија се движи во правилна насока, 7 квартали по ред бележиме раст од 3% е превземен од МАКФАКС.