
Утре се играат натпреварите од вонредното 10. коло од Втората лига, а што се однесува со судиите, главен судија на мечот меѓу Вардар Неготино и Новаци ќе биде Пларент Салихи, Сашко Ристов ќе им суди на Каменица Саса и Победа, Благојче Ралевски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Вардарски и Башкими.
Доне Ристовски ќе биде делител на правдата меѓу Осогово и Охрид, Боби Величков ќе им суди на Скопје и Беласица, Стојанче Стојанов ќе им суди на Кожуф и Арсими, Александар Грујоски ќе им суди на Детонит Плачковица и Македонија ЃП, а пак Христијан Божиновски на Брегалница и Борец.
Натпреварите започнуваат во 13 часот.
Александар Ванев, М-Нет