
Официјалната веб страницата на Општина Штип од денес официјално се збогати со дополнителен поставен текст за градот од историчарот и писател Александар Донски. Текстот е поделен на четири дела и во секој еден од нив е опфатена историјата за градот и познати историски личности, кои што имаат удел во истиот. Донски пред камерите на М-нет телевизија истакна дека истажувањето за него претставува задоволство и мотив за работа.
“Зачи станува збор за поставување текст на официјалната веб страна на Општина Штип, посветен на историјата на Штип и други некој интересни сегменти. Текстот е поделен на четири дела. Првиот дел ја опфаќа историјата на Штип, краток осврт праисторијата до поново време, вториот дел посветен на познати луѓе што се родени во Штип, третиот дел посветен на познати историски личности кои престојувале на тлото на нашиот град и четвртиот дел е за занимливостите поврзани со Штип и штипјани oд аспект на историјата. Јас стоам зад сите тие податоци што таму се објавени, бидејќи ова на мене не ми е прв текст. На мене истражувањето претставуваше задоволство“, истакна Донски
Штип е град кој што родил интелектуалци, па еден од нив е и познатиот претседател на државата Киро Глигоров, додава Донски
“Родени во Штип е познато дека имало тројца претседатели на три различни држави што може би тоа е феномен што до сега е не виден, ретко каде е виден. Конкретно претседателот на македонија беше познат штипјанец Киро Глигоров
Инаку, текстот може да се најде на веб страницата на општината на профилот на историја. Со ова Општина Штип се здоби со текст за историјата , каков што нема ниту една друга општина, а основата за ова дело е богатата историја на градот под Исарот, која мнозина не ја знаат.