Одбојкарите на Штип Угд го декласираа Работнички, порази за Сушево и Лирија

Изминатиот викенд се одиграа пет од шест натпревари од 2. коло во Првата одбојкарска лига, каде штипските одбојкари на Штип УГД запишаа убедлива победа од 0:3 над Работнички. Првиот сет заврши со 18:25, вториот со 19:25, а во третиот сет штипјани одново беа убедливи со 17:25.

Универзитет Тетово на домашен терен со убедливи 3:0 го декласираше тимот на Весна Пробиштип, Вардар се намачи но ја доби Лирија со 2:3, Шкендија на домашен терен запиша пораз од Борец со 1:3, Сушево со 1:3 беше поразен од Скопје.

Второто коло ќе се комплетира со одложениот меч меѓу Јанта Волеј и Струмица.

Александар Ванев, М-Нет