
Делегирани судиите за 23. коло од Првата македонска фудбалска лига. В сабота со мечот помеѓу Силекс и Скопје во Кратово ќе биде отворена 23-та рунда од шампионатот, а ќе биде затворена в недела со останатите четири натпревари.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 23. КОЛО ПМФЛ:
Брегалница – Победа, Марјан Стојановски (Штип)
Струга ТЉ – Македонија ЃП, Стојанче Трпчевски (Кавадарци)
Шкупи – Работнички, Димитар Пилешков (Штип)
Шкендија – Академија Пандев, Александар Ставрев (Скопје)
Силекс – Скопје, Јован Качевски (Струга)
Сите натпревари ќе се играат со почеток од 14 часот.