
Стимулација за селекција на отпад, со ваков проект ЈП „Исар“ самостојно аплицира до Источно планскиот регион, со цел зачувување на животната средина, но и мотивирање на граѓаните да го селектираат и фрлаат отпадот на место наменето за тоа. Директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков истакна дека сега се подготвува документацијата, и ако се прифати проектот од ИПР, понатаму ќе се пристапи кон реализација на истиот.
„Проектот се состои од примарна селекција на отпад, односно да направиме стимулација на домаќинствата да го селектираат отпадот, односно пластика, хартија, лименки и да го доставуваат до пунктови кои што ќе бидат распределни низ градот. Од сето тоа бенифитот ќе биде голем, пред се за животната средина во Општина Штип, ќе имаме помалку расфрлано ѓубре, смет низ градот и граѓаните ќе ги стимулираме да го селектираат отпадот, а ќе и даваме пример некоја стимулација во вид на поени“ – кажа Здравков.
До сега ЈП „Исар“ нема аплицирано преку надворешни фактори за обезбедување на средства за изработка на проекти кои би имале стимулација врз граѓаните за зачувување на животната средина. Моментално во Штип поставени се контејнери за селекција на различен вид на отпад на повеќе локации, но стимулација на граѓаните нема, па и реалноста не е како очекувањата.
Лаура Стојанова М-Нет