
По прилогот на нашата телевизија, односно акцијата во која градоначалникот на Општина Штип, пријави крадци на дрва кој случајно се најдоа пред него и пред медиумите додека тие се враќаа од дневни активности на градоначалникот кон село Шашаварлија, реакција пристигна од политичката партија „Роми одбединети од Македонија“. Реакцијата е насочена кон градоначалникот, но и кон медиумите. Во писменото соопштение од партијата посочуваат дека почитувањето на Законите е темелот врз кој мора да се гради цврста иднина на државата без разлика на сите различности.
„Како политичка партија силно ги охрабруваме одговорните институции да ги преземат сите потребни механизми за градење на едно дисциплинирано и европско општество. Но, не н е јасна целта на одредени функционери, во овој случај градоначалник на една општина да се најде во улога на камермани кои регистрираат т.н. „крадци на дрва“, зар тоа е главната и приоритетна улуга на еден градоначалник? Да се биде доследен на Законот и борбата за владеење е доблест, но сигурно случајно не се најдоа во исто време и простор градоначалникот и телевизијата М-Нет па така случајно го снимаа филмот“ – стои во реакцијата од партијата.
Според РОМ градоначалникот ваквиот метод треба да го користи за многу поголеми „крадци“ отколку со жители на Штип кои се борат за опстанок на своите семејства и водат борба како да ја поминат ладната зима.
Истовремено, јавна реакција од партијата упатија и до нашиот медиум како главен промотор на „филмот“, додавајќи дека не им е јасна потребата од етничко етикирање по припадност дека се бркале крадци Роми, освен со која се зајакнуваат стереотипите, предрасудите и омразата кон оваа заедница.
Реакцијата пристигна во текот на вчерашниот ден од Центарот за комуникација на партијата, но без печат и потпис.
М-Нет телевизија остро го демантира ставот на политичка партија во кој се вели дека се зајакнуваат стереотипите кон една заедница. Нашиот медиум има обврска да ја информира јавноста за настаните кои се случуваат, без разлика на етничката припадност на „актерите“.
Лаура Стојанова М-Нет