
Обвинителство има дврзани рацете да прави се што мисли во врска со случајот со трагедијата во Кочани. Премиерот, Христијан Мицкоски, денес рече дека е многу внимателен во врска со истрагата, посочувајќи дека иако постојат бројни политички пораки кои можат да влијаат на процесот, тој се труди да не се меша во истрагата.
,,Јас сум многу внимателен, кога станува збор за истрагата за случајот во Кочани и цело време зборувам само за една работа, обвинителството има одврзани раце да прави се што мисли дека е поврзано со тој случај, ама буквално се. Колку повеќе политички пораки испраќаме, тоа може да се чувствува како притисок, затоа се обидувам да молчам. Трпам се, ме обвинуваат од опозицијата. На мој грб нека се сведе се, само обвинителството нека си ја заврши својата работа, без да имаме политички пораки.”, рече Мицкоски
Премиерот додаде дека е важно институциите да функционираат без вмешување од било какви политички интереси, истакнувајќи дека довербата во правосудството треба да остане неповредена. Тој ја нагласи својата посветеност на тоа да се почитуваат сите законски процедури.
Иван Митев, М-Нет