Срѓан Захариевски нов тренер на Вардар, Брера се раздели со тренерот Круљ!

По четири одиграни кола продолжуваат тренерските оставка и промените. По заминување на Горазд Михајлов, Горан Петрески издржа само два натпревари, а тоа резултираше со порази од Шкупи на Чаир од 3:0 и дома од Воска со 1:3.

Нов тренер на Вардар ќе биде Срѓан Захариевски, кој последно ја водеше Воска Спорт, а сега ќе го води најтрофејниот македонски фудбалски клуб. Во својата кариера Захариевски ги водеше Струга Трим Лум, Пелистер и Металург.

Тренерска промена и во Струмица три порази на Брера во низа предизвика клубот да се раздели со тренерот Бојан Круљ.

Шкендија со нов триумф од 2:0 над Пелистер го превзема врвот од табелата во елитата, Струга е втора, шампионот има девет бода, Гостивар е трет со осум бодови откако ремизираше 0:0 со Тиквеш, а пак Работнички ремизираше со Беса без голови и со тоа е на четвртото место.

Силекс со нова победа на своето конто има шест бодови и се наоѓа на петтото место, во Кратово беше поразен Шкупи кој е шести со четири бодови, Воска го декласираше Вардар и сега има четири бодови и се наоѓа на седмото место, колку што имааа и Тиквеш и Пелистер, како и Беса која е во бараж зоната.

Вардар со три бодови е претпоследен, а на дното е Брера Струмица.

Александар Ванев, М-Нет