
Денеска во просториите на „Црвен крст“ Штип спроведена нова крводарителска акција, во организација на навивачките групи Ултра банда и Фаланга од Штип. Со ова се нуди можност да се спаси човечки живот во време кога тоа е повеќе од потребно.
Крводарителската акција започна во 12 часот и истата траеше до 16 часот. Дарителите на крв беа пристутни уште на самиот почеток на акцијата, а право да дарува крв има секој граѓанин кој сака да го стори тоа.
Претходната спроведена крводарителска акција организирана од страна на навивачките групи Ултра банда и Фаланга беше спороведена на 15 јануари годинава, каде крводарувањето беше задоволително.
Лаура Стојанова М-Нет