
Започнаа активности за изградба на патарината кај Кадрифаково на автопатот „Штип – Миладиновци“. Од утринава работници извршуваат активности за изградба на патарините, кои од нивното почетно најавување кренаа голема прашина во јавноста, пред се заради нивната цена. Министерот за транспорт и врска Благој Бочварски, во неколку наврати даде изјава во врска со цената на патарините и начинот на која истата е пресметана. Имено, со автопатот „Штип – Миладиновци“ на побрз, полесен и побезбеден начин може да пристигнете до Скопје, од една страна, но од друга страна и поскапо. Патарината кај Кадрифаково ќе се наплаќа 70 денари, кај Перод 50 денари и сегашната од 40 денари значи, Штип – Скопје во еден правец ќе чини 160 денари, или повратно 360 денари. Дополнително на ова, сегашниот постоечки пат кај клучка Три чешми, по кој се вози за да се приклучите на автопатот целиот со дупки. Надлежните од Јавното претпријатие за државни патишта, по пратениот меил до почетокот на вестите без одговор.
Лаура Стојанова М-Нет