
Паркинг услуга на паркингот кај пазарот во Штип, се регулира и наплаќа само во петок односно само во пазарен ден за штипјани. За саат време на овој паркинг се наплаќа 20 денари, а максимумот кој е дозволен вашето возило да стои овде додека вие пазарувате е два часа. Ова е нормална рутинска задача, која се спороведува веќе подолг временски период од страна на ЈП „Стипион“.
Граѓаните сметаат дека одлуката е оправда, бидејќи гужвата е забележителна во петок, и потребно е регулирање на паркингот.
Новиот директор на ЈП „Стипион“, Трајче Коштанов во писмено соопштение за М-Нет телевизија потврди дека паркинг на пазарот во Штип се наплаќа само во петок, и дека во останатите денови од неделата овдешните 60 паркинг места се слободни.
„ На градскиот пазар во Штип имаме 60 паркинг места кои се на располагање на граѓаните и тројца паркинг контролори, моменталното работно време на паркинг услугата е од 7 до 14 часот, наплатата се врши со СМС пораки, гребки и има одбележани места за такси возила“ – истакна Коштанов.
Лаура Стојанова М-Нет