Ждрепка за 1/8 финале Куп на Македонија: Брегалница – Беласица, Шкупи – Кит Го

Денес во „куќата на фудбалот“ се изврши ждрепката за 1/8 финалните натпревари во рамките на Купот на Македонија. Ждрепката сакаше на „градски“ во Штип да гостува тимот на Беласица со мотив за слатка одмазда на штипските сини кои не успеаја за чекор да влезат во првата лига во второлигашката конкуренција со струмичани. Тимот пак на Кит Го ќе гостува на Шкупи во Скопје, екипа која во претходните Куп -циклоси беше надиграна и елиминирана во Пехчево со резултат 2:0. Еве ги комплетните парови за 1/8 финалето на Купот:

Шкупи – Кит Го Пехчево

Брегалница – Беласица

Македонија ЃП – Каменица Саса

Академија Пандев – Вардар

Шкендија – Гостивар

Кожув – Силекс

Струга Т Л – Работнички

Ренова – Палестер

Се игра само по еден натпревар се до финалето а осмина – финалните средби ќе се одиграат на 21 октовмри, 1/4 финалните на 25 ноември, полуфиналните ба 7 април и финалето на македонскиот куп ќе се одигра на 19 мај 2021 година.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk