
Почетокот на натпреварот Холандија – Македонија започна со симпатичен гест на капитенот на Холандија Вајналдум кој му додели дрес на нашиот капитен Пандев дрес со број 122 како симбол за неговите досегашни настапи. Горан Пандев во 68 минута замина во репрезентативна пензија откако играчите и на Македонија и на Холандија направија шпалир пропратен со громогласен аплауз од присутните на трибините на Јохан Кројф Арената. Извиците Горан Пандев долго одекнуваа од трибините како награда са сиот негов ангажман од почетокот на кариерата па се до денес. Но да се навратиме на натпреварот.
Уште во 9 м. беше поништен гол на Македонија поради офсајд а во 20 м. Трајковски убаво ја стресе стативата која беше сојузник на голманот Стекеленбург. Во 24 м. очигледен прекршок врз Пандев судијата Ковач не го досуди а во брзата контра холанѓаните дојдоа во водство од 1:0 со голот што го постигна Депај. Залудни беа протестите на нашите играчи кои останаа игнорирани и од судијата и од ВАР комисијата. Со овој резултат се отиде на одмор на полувреме кое во односот на поседот на топка беше 51:49 % а во корнери беше 4:2 за Холандија.
Во второто полувреме холанѓаните се заканија и имаа 100 настотна шанса, но Тричковски со глава од самата гол линија ја исфрли топката во корнер. Во 50 м. веќе беше 2:0 со голот што го постигна Вајналдум, за да во 58 м. резултато веќе гласеше 3:0 за Холандија. Стрелец на третиот гол беше повторно Вајналдум. Во 72 м. беше поништен уште еден гол на Македонија поради офсајд, гол кој го постигна Чурлинов. Резултатот на крајот гласеше 3:0 победа на Холандија во игра која беше зачинета со една фантастична атмосфера која ја приредија навивачите и на Холандија и на Македонија.


Со овој меч заврши и нашата новинарска историска мисија за информирање и известување од првиот пласман


на Македонија на Европско првенство која ја завршувам со едно големо БЛАГОДАРАМ на раководството на ФФМ на чело со Претседателот Муамед Сејдини и особено на потпаролот Златко Андоновски кој едноставно како да е „сраснат“ на ваквата позиција, и што ни овозможија да бидеме дел од фудбалска Европа. Македонската новинарска екипа утре наутро го напушта прекрасниот хотел „Џакарна“, фантастичниот и убав Амстердам кој иако дождлив со своите убавини предизвикува вистински пријатни воздушки и со авион ќе „летаме “ за Скопје.

Специјално за Мнет ТВ од Амстердам, Драги Герасимов – Пушка.