Со четири милиони денари се уредува просторот пред станбените згради во населба Осми Ноември

Со четири милиони денари ќе се работи на уредување на просторот пред станбените згради во населбата Осми Номеври во Штип. Активностите започнаа денеска, а ќе се уреди просторот пред зградите, ќе има паркинг места, како хортикултурно уредување. Градоначалникот Јорданов посочи дека старата слика на уништен бетон и атмосферска вода која се таложи ќе остане во минатото. Барањето на жителите ќе биде реализирано во перидот кој следи.

„Денес се наоѓаме на улицата Енгелсова на којашто улица се уредува површина пред станбени згради. Ова беше на барање на жителите заради амортизираниот бетон и водата која се акумулирала низ годините наназад.“ – вели Јорданов.

Освен во населбата Осми Номеври со активности на јавни површини се просолжува и во останатите населени места, најави Јорданов. Додаде дека дополнително оваа тековна година десетина улици ќе бидат целосно реконструирани.

„Продолжуваме со активности во 2025 година, не само јавни површини и улици ќе бидат истретирани и надземно и подземно. Очекувам како што ќе минуваат деновите да реализираме безброј проекти со кои ќе го урбанизираме и модернзираме нашиот град“ – додава Јорданов.

Активности на терен во наредниот период ќе има во сите населени места во Штип, на јавни површини. Јорданов најави градежна офанзива кога е во прашање реконструкцијата на улици и патишта, изградба на тротоари, булевари и слично.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет