Со температури до 30 степени стартува месец мај, граѓаните можат да уживаат

Со температури до 30 степени стартува месец мај, врнежи нема да има. Како што известуваат синоптичарите за М-Нет телевизија, вака стабилно времето ќе се задржи заклучно до понеделник, што значи дека граѓните слободно можат да одат на излет и да уживаат под отворено небо.

Oд вториот ден од следната седмица се очекува времето да биде нестабилно, рече Фидановска Мишкоска, додавајќи дека облачноста ќе се зголеми, а со тоа ќе има и благ пад на температурите.

Инаку, квалитетот на воздухот за сега изнесува 32 ниво просчено, што значи дека

Квалитетот на воздухот е генерално прифатлив за повеќето лица. Меѓутоа, чувствителните групи може да имаат мали или умерени симптоми како последица на долгорочната изложеност.

Иван Митев, М-Нет