
Испекции од утре ќе контролираат во маркетите со цел да нема високи цени.
Од денеска истекува мерката за ограничените на бруто профитните маржи на над 1000 прехрамбени и непрехрамбени производи во маркетите. Мерката беше донесена од страна на владата во февруари и трае заклучно до денеска 30 април. Според министерот за економија Бесар Дурмиши во март има намалување од 1,3 отсто во споредба со февруари и тоа во делот на храна и пијалоците. Слични се податоците и во април и како што тој рече, намалувањето е повторно на цените на храната и пијалоците. И додека од една страна завршува од денеска истекува владината мерка за намалувањето на над 1000 производи, сепак од друга страна заклучно од утре 1 мај, државниот пазарен испекторат ќе врши контроли на терен за да се види дали по завршувањето на мерката ќе има енормно зголемување на цените на производи. Ако се утврди дека во маркетите цените се зголемуваат енормно, тогаш како што соопштувам инистерот ќе бидат воведени ригорозни мерки со цел да се заштиат граѓаните во државата.
Иван Митев, М-Нет