
Џез музиката се негува и во Штип, младите музичари и денес со голема љубов го одбележуваат меѓународниот ден на џезот, кој е посебен стил на музика. И можеби изгледа слобода верзија, но сепак толку различна од останатите, во која музичарот се впушта длабоко во неа и го истакнува најдобро. Како што велат џез музичарите од градот под исарот, најбитното во овој стил на музика е внатрешноста на авторот, бидејќите во најголем процент, овој стил на музика излегува од душата на музичарот.
Разликата е што можеме да си дадеме слобода да се излезе од целиот колосек и пак да се вратиме, тоа е разлика од секојх друг стил на музика, затоа џезот е посебен вид на музика. Овој стил на музика секогаш има нешто ново и нема крај и едно од најбитното во џез музиката е внатрешноста во секој музичар, таа музика во голем процент излегува од душата на музичарот.
Дека е зголемен процентот на слушатели на овој стил музика, согласен е и Кавраков, рече дека тоа е благодарение на отворањето на музичката академија во Штип.
Инаку овој ден е од голема важност за џез музичарите и веќе долги години се прославува на 30 април на секаде низ светот.
Иван Митев, М-Нет