
Крстосницата во населбата Сењак, на улиците Борис Крајгер и Сремски Фронт одамна е дел од Општина Штип, каде често се случуваат сообраќајни незгоди.
Бидејќи овој период општинската власт го користи за решавање на проблемите со крстосниците, во догледно време се очекува да се реши и овој проблем.
За таа намена, аплицирано е до Светска Банка за средства со кои би се реализирало веќе изготвеното проектното решение, рече градоначалникот, Благој Бочварски.
-Ги очекуваме од таму резултатие. Таму имаме повеќе филтри коишто треба да ги поминеме како апликант, бидејќи средствата коишто ги добиваме од таму се неповратни. После добивањето на проектот, како позитивно решение и финансирање на тој проект ќе почнеме со реализација. Таму се работи за сериозна реконструкција, и ќе чини околу 200.000 евра, со што целосно се откројува и се зголемува целата крстосница во населбата Сењак – истакна Бочварски.
Освен безбедноста, целта на уредувањето на Штип е да се добие помодерно и поурбано решение, со оглед на фактот дека Штип станува се поголем град, со зголемен број на возила, студенти и граѓани кои живеат овде, додаде Бочварски.
Од општината предвидуваат и останати брзи и ефикасни решенија, со што ќе се овозможи подобар и полесен транспорт, пристап и безбедност за граѓаните.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА / МНет
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ