
За земјоделството како важна гранка во економијата, со конкретни мерки за поддршка на земјоделието, Владата предводена од СДСМ создава модерна гранка, конкурентна во целиот свет – ова на денес одржаната прес конференција го истакна Павел Иванов, член на Комисија за земјоделство при ОО СДСМ Штип.
Тој додаде дека земјоделците навреме ги добиваат субвенциите и сите мерки за поддршка, за да можат да го планираат своето производство и инвестиции, а со уште поголема поддршка и помош ќе продолжат и во иднина. Обезбедени се средства за субвенционирање зелена нафта, за поддршка на тутунскиот и лозарскиот сектор, со тоа што ќе се финансираат и Старт ап семејни винарии и фарми,за што се планирани три милиони евра рече Иванов и додаде се` останато што е предвидено:
„Поддршка на аграрниот
сектор од 5 милиони евра преку Развојната банка.
Со 5 милиони евра ги поддржуваме микро, малите и средни претпријатија кои вршат
примарно производство, преработувачите и извозот на примарни и преработени
земјоделски производи.
Платежна картичка за
субвенционирање на 50% од зелената нафта за земјоделците.
По ланското субвенционирање од 30%, со оваа мерка го зголемуваме
субвенционирањето на потрошувачката на залена нафта на 50%. Оваа мерка ќе
опфати 50.000 земјоделци, а вредноста е 4.6 милиони евра.
Стимулирање на
преработувачите на грозје за производство на нови продукти.
Во следните три години, нашата финансиска поддршка ќе изнесува 3,5 милиони
евра.
Овозможуваме јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор.
Оваа стратешка определба ќе донесе голем бенефит, првенствено за македонските лозари и тутунари, но и за самата држава и брутодомашниот производ. На краток рок, очекувањата за инвестициите треба да достигнат 10 милиони евра.
Програма за финансирање на микро земјоделски компании.
Со 3 милиони евра ќе овозможиме финасирање на Страт ап семејни винарии и фарми на кои ќе им бидат достапни грантови до 10.000 евра за опрема за преработка но и за маркетинг на растителни, млечни и месни производи.“
Преку кредит на Светска банка од 50 милиони евра ќе се овозможи и модернизација на земјоделството со цел зголемување на конкуретноста и профитабилноста.
БИЛЈАНА ПОСТОЛОВА /МНет
Снимател ГОРАН ХРИСТОВСКИ
Монтажа ВИКТОР МИХАЈЛОВСКИ