Со спортски активности децата од двете градинки во Штип го започна одбележувањето на Неделата на детето

Со спортски активности во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, започна одбележувањето на Неделата на детето. Дечињата од големите групи од двете детски градинки „Вера Циривири Трена“ и „Астибо“ заедно со своите насатвници учествуваа во одбележувањето на Неделата на детето, давајќи акцент на спортот и спортските активности.

„Оваа недела, однонсо почетокот на октомври е недела на детето. Традиционално секоја година ја одбележуваме со низа активности. Оваа година заедно со градинката Астибо се договоривме децата од големите групи да ја одбележат. Ние како детска градинка се трудиме во текот на целата година децата да бидат ставени на прво место“ – вели Ангеличкова.

Освен правото на спорт, се истакнаа и правото на образование, семејство, здрава храна и слично, права кои треба да ги ужива секое дете во светот во текот на целата година.

„Двете детски градинки го одбележуваат правото на спорт, меѓу кои и правото на образование, култура и уметност, семејство и храна. Тоа се основните права на детето кои оваа недела се истакнуваат. Секое дете во светот треба да ги ужива барем овие основни права“ – вели Митров.

Поддршка даде и Локалната самоуправа. Градоначалникот, Иван Јорданов, посочи дека треба да се почитуваат правата на децата, со цел да се насочат кон спортот, здравите навики и да растат и се развиваат соодветно во општеството.

„Градинките се втор дом на нашите дечиња, и наша обврска како Локална самоуправа е да создадеме соодветни услови и воспитно згрижувачи процес со кој ќе се трасира патот на најмладите, на дечињата. Конкретно овие активности кои денеска се преземаат се да се насочат дечињата во рамки на детските градинки кон спортот и здравите навики“ – вели Јорданов.

На настанот Локалната самоуправа додели ваучери на двете детски градинки, а настанот беше збогатен со многу забава, игра и позитивни вибраации од страна на дечињата.

Лаура Стојанова М-Нет