Со свечена манифестација СОУ „Коле Нехтенин“ го одбележа својот патрон празник

Со свечена манифестација, рецитал, интонирање на химната како и презентација на трите струки СОУ „Коле Нехтетин“ го одбележа својот патрон празник. Во своето 79 годишно постоење, училиштетото може да се пофали со постојан напредок па денеска се дефинира како модерна училишна установа. Директорката, Јованка Шалева, посочи дека од година во година бројот на ученици кои се запишуваат во ова училиште постојано расте.

„Историјата на нашето училишти бележи 79 години постоење и денеска можеме да го дефинираме како модерна современа установа која запишува најголем број ученици во рамките на три струки и секоја година бројот на запишани ученици се зголемува.“ – вели Шалева.

Одбележувањето на патрониот празник на СОУ „Коле Нехтенин“ започна во понеделникот кога се одржа турнир во шах. Овој настан се реализираше втора година по ред, а на истиот учествуваа ученици од повеќе средни училишта во Штип. Интересот за шах кај младите се зголемува од година во година. Во текот на вчерашниот ден пак се положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Коле Нехтетин во училишниот двор.

Лаура Стојанова М-Нет