
Кучиња скитници во централното градско подрачје, во училишните дворови, приградските населби. Граѓаните постојано реагираат, бидејќи како што велат под знак прашалник е ставена нивната безбедност и безбедноста на нивните деца. Од Општина Штип велат дека имаат договор со фирма од Куманово која треба да се грижи за заловување и хумано третирање на бездомните кучиња. Оваа пракса се спорведува и оваа година. Во осум спроведени акции за заловување на бездомните кучиња во Општина Штип, заловени се педесетина кучиња.
„Општина Штип има успешно распишан тендер и и склучено договор со фирма од Куманово кои се задолжени со налог од општината за заловување и стручен третман на бездомните кучиња во општината. Од почетокот на оваа година имаше околу осум заловувања на кучиња по пријава на граѓани, а заловени се 50 кучиња.“ вели Ѓоргиевски.
Кучињата кои имаат соодветна обетка на левото уво не се опасни, вели Ѓоргиевски. Станува збор за кучиња кои претходно биле заловени, хумано третирани и вакцинирани. Но, најголем проблем поради што на секој чекот има куче скитник е поради несовесните граѓани, вели Ѓоргиевски. Затоа апелира до граѓаните, ако не се во можност да се грижат за своето домашно милениче во тој слуај да најдат соодветен дом, а не да го остават на улица.
„Кучињата кои ги гледаме по градот, а се со обетка на левото уво, секоја година се става различна обетка која е пропишана од страна на АХВ, со тоа граѓаните може да препознаат дека тие кучиња го минале стручниот третман и дека овие кучиња се ккомплетно безбедни, проверени здравствено и вакцинирани од беснило.“ – додава Ѓоргиевски.
Во оваа прилика Ѓоргиевски посочи дека соработуваат со здруженијата за заштита на животните, со цел и бездомните кучиња да добијат соодветно третирање.
Лаура Стојанова М-Нет