
По повод одбележувањето на Светскиот ден на Ромите 8 април во Домот на културата Ацо Шопов во Штип, се оддржа целодневен настан. Настанот се состои од два дела. Првиот кој ќе трае од 12 до 16 часот период, кој ќе вклучува изложба на ромски киноси и занаетчиски работи со цел да се презентира ромската кутлтура. И вториот дел кој ќе трае од 14 до 19 часот и ќе има музички хепенинг кој ќе се оддржи во Домот на културата Ацо Шопов- Штип.
„По повод одбележување на светскиот ден на Ромите, здружението „Рота“ организира целодневен настан, презентирзње на ромски литературни творби. Десет деца од основното училиште Роми напишаа свои творби и ги доставија до здружението Рота, и презентираа сите тие десет творби. Исто така имаше доделување благодарници на учениците и учесниците во презентирањето на ромски литературни творби. Потоа до 12 до 16 часот имаме изложба на ромски киноси каде се претсавува ромската култура, исто така имаме презентирање на занаетчиски работи каде се претставува културата на Ромите кои во минатото работеле како ковачи, го користеле ковачкиот занает, исто така дека се големи музичари. Потоа имаме музички хепенинг од 14 до 19 часот каде ќе се одвива во големата сала во Домот на културата и ќе се промовира ромскта музика“, изјави Асанова
Настанот беше збогатен со презентирање на ромски литературни творби, свирење ромска музика, доделување награди на учениците и учесниците на настанот. Целта на настанот е да се истакне уникатноста на Ромската заедница. Исто така настанот е поддржан и финансиран од Министерството за култура.
Лаура Стојанова М-Нет