
Со пригодна манифестација денеска во Алеата на народните херои се одбележа патрон празникот на СОУ „Славчо Стојменски“. Вработените и ученците со низа активности одбележаа 102 години од раѓањето на Славчо Стојменски, а се положи и свежо цвеќе пред спомен обележјето на Стојменски.
„Денес славим 102 години од одбележувањето на нашиот патрон, патрониот празник на Славчо Стојменски. Ја користам приликата да се заблагодарам на професорскиот тим и на сите ученици кои учествуваа во реализацијата на оваа пшрограма“ – вели Арсов.

Средношколците подготвија и рецитал како и музички точки по повод одбележувањето на својот патрон празник.
Активности во штипската Гимназија ќе продолжат да се спроведуваат во текот на целата учебна година по разни поводи иостакна денеска директорот Арсов.
Лаура Стојанова М-Нет