
Да се испита дозволата која е дадена за изградба на мини хидроцентралата на Мала река, како и дозволата по патот кон брана Градче да се движат возила тешки и по пет тона побараа денеска граѓани на мирниот протест кој го организираа со цел да се спречи изградбата. И денеска посочија дека се уништува природата, има опасност од ерозија, а наместо река водата ќе тече низ цевка.
„За да го искажеме револтот за давањето дозвола за користење на патот кој е за лесни возила под пет тона. Со дозволата веќе се движат подолг период околу три месеци возила кои се тешка машинерија за изградба на хидроцентралата. Дојдени сме да го искажеме револтот за давањето на позитивно мислење без јавна расправа.“ – вели Симонова.
Поддршка на денешниот протест дадоа активисти од Кочани, а присутни имаше и од Скопје. Посочуваат дека најважно е граѓани да го заштитат својот град, своето место на живеење и околината во која се наоѓаат“.

„Со изградбата на хидроцентралата ќе се наруши биодиверзитетот, ќе има негативно влијание врз Брана Градче, а слушаме и колку е непријатно движењето на таа тешка механизација по овој пат и мислам дека треба да се преиспитаат одлуките.“ – вели Илијев.
Протестите ќе се радикализираат и продолжуваат во петок и сабота со цел да се испитаат одлуките за изгградба на минихидроцентралата како и користењето на патот кон брана Градче од тешки возила и над пет тона.
Лаура Стојанова М-Нет