По 50 години се реконструираат неколку улици во центарот на Штип

После пет децении неколку улици во централното градско подрачје во Штип ќе бидат реконструирани. На дел од улиците ќесе промени и водоводната мрежа, а на друг дел и канализационата мрежа. Потоа ќе следува асфалтирање на улците во центарот на градот. Градоначалникот Иван Јорданов го означи почетокот на активностите на терен.

„Започнуваме со активности за реконструкција на неколку улици во централното градско подрачје. Станува збор за улиците „Пиринска“, „Карл Маркс“, „Добре Радосављев“ и „19 бригада“. Оваа локација од годините наназад никогаш не била реконструирана, повеќе од 50 години овие улици се стари. Најпрво влегуваме со промена на подземната инфраструктура, пред се на водоводната мрежа, на дел ќе дојде до замена и на канализационата мрежа онаму кадешто е оштетена и има потреба, а веднаш потоа ќе се изврши и потребното асфалтирање.“ – вели Јорданов.

Парите се обезбедени од општинската каса, а реализацијата на проектот е дел од програмата за уредување на градежно земјиште.

„Неколку милиони денари ќе бидат потрошени. Станува збор за програма предвидена за уредување на градежно земјиште“ – додава Јорданов.

Во меѓувреме, на терен во Штип се работи на неколку локации во неколку населени места. Се асфалтираат улици со што се подобрува инфраструктурата во градот, пред се по барања и проблеми мапирани од страна на граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет