
Точно 40 дена по големиот христијански празник Велигден, со пораки за здравје, среќа и мир, граѓаните денеска го слават празникот Спасовден. Од утринава, како и вчеравечер верниците запалија свеќа за здравје и ја посетија црквата Свети Спас во штипско Ново Село. Повозрасните велат дека ова како традиција се практикува секоја година, и ја посетуваат црквата кога се во можност.
„Често доаѓаме, нека е за многу години празникот. Вчера бевме во Бабите на Свети Кирил и Методиј, денеска на Свети Спас, само убаво Господ нека дава. За здравје, сите празници се убави, само здравје нека дава Господ.“ – порачуваат верниците.
На Спасовден за последен пат во тековната година се вапцуваат црвени велигденски јајца, а со овој ден се поврзани и голем број адети и обичаи кои ги негуваат верниците. На овој ден Христос го ветил и доаѓањето на светиот Дух. утешителот, духот на вистината кој се исполнува и преку кого се настанало.

Како и вообичаено за време на празниците пред црквите во Штип се поставени тезги, од каде може да се купат и предмети и храна.
Празникот Спасовден е во редот празници кој менува дата, но не и ден идентично како и Велигден. Овој празник секоја година се празнува во четврток.
Лаура Стојанова М-Нет