
За спроведувањето на едосменската настава во СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ Штип во изминатиот период беа потребни повеќевременски работни активности, се со цел училиштето биде подготвено за употреба на учениците. Директорката на гимназијата Весна Ристова, изјави дека училиштето е опремено со дополнителен простор, како и со столарија, а се заменети и подовите и се поставија клима уреди во сите училници.
“Училиштето на имплементација на оваа мерка работеше напорно, па така се опремени дополнителен простор, дел од столаријата и подовите се заменети и се поставија клима уреди во сите училници. Поддршка во целиот процес даде и локалната самоуправа, градоначалникот Превос на учениците е обезбеден и истиот е соодветно испланиран, благодарение на ЈП“Стипион“, изјави Ристова
Училиштето со ваквата промена очекува бројни предности, како во генерираните заштедни инвестиции, така и во делот на унапредување на воспитно образновниот процес и подобра искористеност на наставнио кадар.
“Менаџментот на училиштето очекува бројни предности од направените промени, како во делот на генерирани заштедни инвестиции, така и во делот на унапредување на воспитно образовниот процес и подобра искористеност на наставниот кадар, а тоа е се во најдобар интерес на учениците.“, додава Ристова
Со едносменската настава, се очекува исто така децата да имаат повеќе време искористено во училиштата и можност за современа едукација. Со оваквата промена, според министерството се даде можност на новите генерации да се стремат кон европските стандарди.
Лаура Стојанова, М-Нет