
Нови пожари евидентирани во државата во последното деноноќие. Според последниот извештај на центарот за управување со кризи од вкупните 1 727 повици на бројот за итни случаи 112, 2,46 отсто биле насочени кон пожарникарите. Во последното деноноќие имало регистрирано осум пожари на отворено на територијата на државата. Пожарите се претежно на ѓубришта, депонии, одпад, гуми, страништа, сува трева и нискостеблеста вегетација.
Пожари во истокот на државата се евидентирани само во кочанското село Зрновци со запалена ниска вегетација и страништа во самото село. Територијалната противпожарна единица Кочани од 13:30 до 14:55 часот го гасела самиот пожар, а истиот зафатил изгорена површина од околу еден хектар.